ЕвропаЕвропа.Портал

Русија и САД имаат добра соработка во Вселената 

Руски и американски претставници се пофалија со добрата  соработка помеѓу двете земји во Вселената и покрај политичките тензии.

Москва, 19 ноември 2018 (МИА) – Руски и американски претставници се пофалија со добрата  соработка помеѓу двете земји во Вселената и покрај политичките тензии.

– Апсолутно си веруваме едни на други и на нас не влијаат политичките ветрови, изјави директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин.

Директорот на Одделението за истражување и операции при НАСА, Бил Гестенмајер истакна дека Вселената ги споила двете држави.

Како партнери можам да кажам дека заедно работиме исклучително добро, посочи Гестенмајер.

Рогозин и Гестенмајер денеска присуствуваа на конференција во Москва по повод 20-годишнината од Меѓународната вселенска станица. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close