Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Русија го повика на разговор германскиот амбасадор во Москва

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го поканило германскиот амбасадор во Москва на разговор поради наводите на Берлин за ситуацијата во врска со рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

Москва, 8 септември 2020 (МИА) – Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го поканило германскиот амбасадор во Москва на разговор поради наводите на Берлин за ситуацијата во врска со рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

Навални беше хоспитализиран на 20 август во Омск, откако му се слоши во авион.

Неговите приврзаници тврдат дека тој е отруен и дека зад тоа стои Кремљ, што Москва го отфрла.

Навални подоцна, беше префрлен во клиниката „Шарите“ во Берлин.

На 2 септември, германската Влада, повикувајќи се на лабораторијата на Бундесверот, објави дека Навални бил отруен со супстанца од групата хемиски вбоеви отрови Новичок. ссм/

Back to top button
Close
Close