0_Спорт.ПорталОстанатоРезултати

Русија ќе игра во одбојкарското финале на Олимпијадата во Токио

Репрезентацијата на Русија обезбеди финале на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио, откако утрово го совлада фаворизираниот Бразил со 3:1.

Токио, 5 август 2021 (МИА) – Репрезентацијата на Русија обезбеди финале на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио, откако утрово го совлада фаворизираниот Бразил со 3:1.

Бразилците добро го отворија мечот и го добија првиот сет со 25:18, но потоа Русите стапија на сцена и ги добија следните три сета со 25:21, 26:24 и 25:23.

Противник на Русија во финале ќе биде победникот од дуелот Франција – Аргентина закажан за денес со почеток во 14 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close