ЕвропаЕвропа.Портал

Русија ја продолжи забраната за меѓународни летови до 1 август

Русија ја продолжи забраната за влез на странски државјани во земјата заклучно со 31 јули.

Москва, 2 јули 2020 (МИА) – Русија ја продолжи забраната за влез на странски државјани во земјата заклучно со 31 јули.

Во текот на пролетта Владата ги прекина меѓународните редовни и чартер летови поради пандемијата на коронавирусот, што значи не само забрана за влез, туку и за излез.

Минатиот месец шефот на Федералната агенција за воздушен сообраќај Александар Нарадко и предложи на Владата план за обновување на меѓународниот воздушен транспорт.

Според него, би можело да се започне со земјите на ЗНД, а потоа да се вклучат и други земји зависно од епидемиолошката состојба. Досега неговата иницијатива не е одобрена. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close