0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Рушити: Нема да дозволиме да бидат злоупотребени верските објекти за политички цели

Кичево, 11 јули 2020 (МИА) -Ние како верска институција нема да дозволиме да бидат злоупотребени верските објекти за политички цели и случајот со наведената џамија најостро го осудуваме и бараме политичките памфлети да бидат отстранети од верскиот објект, реагираше секретарот на Муфтиството на ИВЗ во Кичево Ќамил Рушити, откако деновиве некои верски објекти се злоупотребени од страна на политички активисти.

Имено, во некои верски објекти во Кичево се залепени плакати со политички пораки, за што реагираа и членовите на Одборот на селската џамија во селото Трапчин Дол.

– Ги предупредуваме приврзаниците на политичките партии да не ја користат џамијата односно верскиот објектот за политички цели. Овој чин е неприфатлив за верниците, но и за сите селани. Ви се обраќаме со најголема искреност за отстранување на политичките памфлети од самата џамија во селото, се вели во соопштението на Одборот на селската џамија од село Трапчин Дол во Кичево.рз/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close