0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Румениге: Треба да размислиме за намалување на платите

Поради пандемијата од коронавирус ширум Европа, сите првенства беа суспендирани, како и натпреварите на европските клупски турнири, а само во Белорусија се играше натпревари.

Минхен, 3 мај 2020 (МИА) – Директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге коментираше пред германските медиуми дека во европскиот фудбал треба да се размислува за намалување на платите.

– Ние треба да донесеме таква одлука низ цела Европа, не само во Германија. Потребно е да го извлечеме фудбалот од кризата. Трансферите на фудбалерите, нивните плати, парите на нивните агенти секоја година се зголемуваат. Но, сега дојде време да се ослободиме од непотребните трошоци. Треба да размислиме за намалување на платите, изјави легендарниот играч пред „Кикер“.

Поради пандемијата од коронавирус ширум Европа, сите првенства беа суспендирани, како и натпреварите на европските клупски турнири, а само во Белорусија се играше натпревари.

Таг
Back to top button
Close
Close