0_Спорт.ПорталФудбал

Румениге: Со Интер ќе разговараме за Перишиќ, откако тој ќе одигра неколку натпревари

Претседателот на Управниот одбор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге изјави дека клубот сè уште не донел одлука дали да го купи играчот од средниот ред Иван Перишиќ, кој настапува за Баварците на позајмица од Интер.

Минхен, 21 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Управниот одбор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге изјави дека клубот сè уште не донел одлука дали да го купи играчот од средниот ред Иван Перишиќ, кој настапува за Баварците на позајмица од Интер.

– Перишиќ се опорави од повредата на ногата. Ќе разговараме за неговата иднина со Интер, откако тој ќе одигра неколку натпревари, изјави Румениге.

Во договорот за закуп на Перишиќ е пропишана клаузула за откуп, а се шпекулира дека „неро-азурите“ се подготвени да прифатат понуда од 10-15 милиони евра.

Перишиќ има пет гола и осум асистенции на 23 натпревари за Баерн во сезоната 2019/20.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на 31-годишниот Хрват на 17,5 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close