0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Румениге: Не го пуштаме Тијаго без пари

Претходно, медиумите објавија дека Алкантара веќе ги договорил личните услови со Ливерпул и им кажал збогум на своите соиграчи. Сепак, тренерот Ханси Флик објави дека има намера да се потпира на играчот од средниот ред во финалето на германскиот куп против Баерн (Леверкузен).

Минхен, 4 јули 2020 (МИА) – Претседателот на одборот на Баерн (Минхен) Карл-Хајнц Румениге разјасни една од најактуелните теми околу баварскиот клуб, имено желбата на Тијаго Алкантара да се пресели во Ливерпул. Шефот на баварците потврди дека шпанскиот репрезентативец одбил да го обнови својот договор и ќе биде продаден.

– Тијаго е исклучителен и на теренот и надвор од него. Ние преговаравме и ги исполнивме сите негови барања. Сепак, се чини дека тој сака да проба нешто ново во неговата кариера. Немавме никаков контакт со Ливерпул. Ако Тијаго инсистира да си замине,ќе мора да се договориме. Едно е сигурно – нема да го пуштиме бесплатно на крајот од неговиот договор, изјави Румениге за „Билд“.

Претходно, медиумите објавија дека Алкантара веќе ги договорил личните услови со Ливерпул и им кажал збогум на своите соиграчи. Сепак, тренерот Ханси Флик објави дека има намера да се потпира на играчот од средниот ред во финалето на германскиот куп против Баерн (Леверкузен).

Таг
Back to top button
Close
Close