0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Румениге: Бундеслигата е пример за сите други првенства

Бундеслигата беше обновена минатиот викенд пред празни трибини и под строги хигиенски правила.

Минхен, 21 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Баерн Минхен – Карл-Хајнц Румениге, се надева дека Бундеслигата ќе послужи како пример за останатите првенства во однос на мерките преземени за продолжување на првенството по паузата поради пандемијата.

– Бевме први што започнавме и се надевам дека ова ќе послужи како пример за другите земји. „Држам палци“ и за фудбалот во Италија, затоа што тоа е важно, рече Румениге за „Газета дело Спорт“.

Бундеслигата беше обновена минатиот викенд пред празни трибини и под строги хигиенски правила.

– Ако играчите се одговорни и дисциплинирани, ние имаме шанса да ја завршиме сезоната, додаде 64-годишниот Румениге.

Таг
Back to top button
Close
Close