Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Румен Радев: Разговор за Уставот и иднината на Бугарија можни по оставки и предвремени избори

Разговор за Уставот и иднината на Бугарија е можен само по оставките што ги бара општеството и одржувањето фер предвремени избори, нагласи претседателот на Бугарија, Румен Радев во телевизиско обраќање.

Софија, 14 август 2020 (МИА) –  Разговор за Уставот и иднината на Бугарија е можен само по оставките што ги бара општеството и одржувањето фер предвремени избори, нагласи претседателот на Бугарија, Румен Радев во телевизиско обраќање.

Тоа беше одговор на утринската изјава на премиерот Бојко Борисов, кој рече дека ќе се повлече од функцијата ако се свика Големото национално собрание да гласа за измени на Уставот.

– Протестите со кои се бара оставка од кабинетот и главниот обвинител продолжуваат повеќе од еден месец. Довербата во владејачкото мнозинство е неповратно изгубена, рече Румен Радев.

– Самиот чин на премиерот да предлага измени во Уставот покажува непочитување кон институциите. Правото да се свика Големото национално собрание им припаѓа на не помалку од половина од пратениците и претседателот, потенцира бугарскиот претседател. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close