0_Спорт.ПорталФудбал

Ругани заразен со коронавирусот, Роналдо остана во Мадеира

Фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус, по што во таборот на италијанскиот шампион е прогласена вонредна состојба. Тимот е во изолација, а првата ѕвезда, Кристијано Роналдо не се врати од Мадеира, Португалија каде отиде во посета на својата мајка која имаше мозочен удар.

Торино, 12 март 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус, по што во таборот на италијанскиот шампион е прогласена вонредна состојба. Тимот е во изолација, а првата ѕвезда, Кристијано Роналдо не се врати од Мадеира, Португалија каде отиде во посета на својата мајка која имаше мозочен удар.

По веста за заразениот Ругани, најавено е тестирање на сите играчи на Јувентус, како и на тимот на Интер против кого „старата дама“ играше минатиот викенд без публика.

Останува да се види како ќе се одвиваат работите во Јувентус со оглед на тоа што напаѓачот Гонзало Игуаин тренираше индивидуално поради повреда на десниот бутен мускул, додека играчот од средниот ред Родриго Бентанкур воопшто не тренеираше исто така поради повреда.

Следниот тренинг на Јувентус е закажан за утрово, а веќе по пет дена тимот треба да игра со Лион во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close