Дописници МКДОпштество

Рудникот Саса ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

Рудникот Саса итно започна со санација на последиците од краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот речен тек, што се случи на 14 септември кое во краток рок беше запрено. Од рудникот информираат дека во договор со надлежните институции на локално и државно ниво и по добивањето неопходните одобренија, во најкраток можен рок Рудник Саса ќе започне со чистење на речното корито.

Македонска Каменица, 18 септември 2020 (МИА) – Рудникот Саса итно започна со санација на последиците од краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот речен тек, што се случи на 14 септември кое во краток рок беше запрено. Од рудникот информираат дека во договор со надлежните институции на локално и државно ниво и по добивањето неопходните одобренија, во најкраток можен рок Рудник Саса ќе започне со чистење на речното корито.

-Во првата фаза од чистењето ќе бидат опфатени приоритетните зони посочени од надлежните институции, а во втората фаза ќе се пристапи и кон чистење на преостанатиот дел од речното корито за што компанијата подготвува план и соодветна документација. Целата операција ќе се одвива во соработка и координација со локалната заедница и општината Македонска Каменица.
Дополнително, рудник Саса ќе изврши темелна анализа, врз основа на што компанијата ќе ги преземе сите неопходни дополнителни активности кои треба да обезбедат долгорочна заштита на животната средина, биодиверзитетот и здравјето на луѓето, се вели во соопштението од рудникот Саса.

Паралелно со ова, како што се вели во понатамошниот текст, рудникот Саса, раководејќи се според најдобрите достапни светски технологии и стандарди во оваа област, ќе ги направи сите потребни инженерски прилагодувања со цел да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори.

-За таа цел веќе се ангажирани и глобалните консултанти од компанијата „Најт Пиезолд“ кои исто така ќе помогнат во овој процес, стои во дописот од рудникот.

Со цел да се обезбеди натамошен одржлив развој на рудникот во согласност со највисоките стандарди во реализација на сите овие мерки и активности, како што стои на крај од соопштението, рудникот Саса и понатаму интензивно ќе соработува со сите надлежни институции на локално и државно ниво, како и со претставници од академската, научната заедница и граѓанскиот сектор. вс/вј/

Back to top button
Close
Close