БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Ручи по ултиматумот на Мета: Добредојден е во Парламентот, на тоа ме обврзува Уставот

Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи за првпат ја коментираше изјавата на шефот на државата, Илир Мета дека по 15 март ќе го распушти парламентот а за тоа уредба ќе потпише во Собранието,доколку не се земе во предвид неговата последна уредба, велејќи дека на „кодиран начин вратата на Парлaментот за Мета е секогаш отворена и оти е добредојден секогаш кога ќе посака“.

Тирана,6 март 2020(МИА) – Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи за првпат ја коментираше изјавата на шефот на државата, Илир Мета дека по 15 март ќе го распушти парламентот а за тоа уредба ќе потпише во Собранието,доколку не се земе во предвид неговата последна уредба, велејќи дека на „кодиран начин вратата на Парлaментот за Мета е секогаш отворена и оти е добредојден секогаш кога ќе посака“.

Тој за прпат го коментираше и недоразборањето меѓу шефот на државата и премиерот.

Посочи дека и претседателот и премиерот се во право во своите одлуки и додаде дека последните две уредби од страна на Мета, внимателно ќе ги разгледа Собранието.

-Како претседател на парламентот, велам дека сме фокусирани на започнување преговори, реформата во правосудството и транспарентноста на фондовите од донаторската конференција. Секоја институција е легитимна во одлуките што ги носи, и претседателот со уредбите со кои одобрува или враќа одреден закон. Таков е случајот со последните две уредби, кои Собранието внимателно ќе ги разгледа во предвидениот рок за тоа,рече Ручи.

Претседателот е добредојден секогаш кога сака да го посети парламентот и ќе го дочекам, додаде Ручи нагласувајќи дека на тоа го обврзува Уставот.

-Уставот ме обврзува да го пречекам претседателот секогаш кога сака да го посети парламентот или примам и прочитам секоја порака што тој ќе му ја испрати на парламентот, дообјасни Ручи.

Претседателот Мета на мирниот протест што на втори март го организираше во Тирана, пред илајдниците насобрани граѓани потпиша уредба со која го враќа на повторно разгледување законот за именување на судии во Уставниот суд и давањето заклетва.

Во спротивно пред албанското знаме се заколна дека ќе го распушти Парламентот и оти за тоа уредба ќе потпише во Парламентот. вт/

Back to top button
Close
Close