0_Македонија.ПорталДописници МКДПолитика

Ручи му го честита изборот на Џафери и го покани да ја посети Тирана

Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, му го честиташе реизиборот за спикер на македонскиот парламент на Талат Џафери, оценувајќи дека неговиот повторен избор е потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Република Северна Македонија.

Тирана, 21 август 2020 (МИА) – Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, му го честиташе реизиборот за спикер на македонскиот парламент на Талат Џафери, оценувајќи дека неговиот повторен избор е потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Република Северна Македонија.

-Ви упатувам најсрдечни честитки по повод вашиот реизбор, од мое лично и од име на Собранието на Република Албанија. Вашиот реизбор претставува потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Северна Македонија и нејзината одговорност за консолидација на демократијата, изградбата на праведно општество, економски и општествен развој и забрзување на евроатланските интегративни процеси на Северна Македонија, стои во чеситката.

Изразува убеденост дека зголемувањето и зајакнувањето на политичката застапеност ќе служат за подобрување на благосостојбата и поттикнување на проширување на вклученоста на Албанците на сите нивоа и институции во нашата земја.

-Исто така, убеден сум дека многу успешната соработка помеѓу Собранието на Република Албанија и Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи многу наскоро и со задоволство ве поканувам во официјална посета на Албанија, што е можно поскоро и во согласност со вашата агенда, наведува Ручи во честиката до Џафери за неговиот реизбор.

Џафери, во посета на Албанија беше на 17 февруари, минатата година, во рамки на разгледувањето на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во албанскиот Парламент. Тој имаше средба со неговиот колега Ручи, а учествуваше и на пленарната седница на албанскиот Парламент, на која беше ратификуван Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО. вт/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close