0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderГраѓански сектор

РСБСП со апел „Паркирајте совесно и одговорно!“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира возачите совесно да ги паркираат своите возила на места кои се означени за тоа за да не ги доведуваат во опасност другите учесници во сообраќајот и да не го попречуваат движењето на пешаците.

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира возачите совесно да ги паркираат своите возила на места кои се означени за тоа за да не ги доведуваат во опасност другите учесници во сообраќајот и да не го попречуваат движењето на пешаците.

-Сообраќаен метеж, узурпирани тротоари, пешачки и велосипедски патеки, непроодни пешачки премини и зафатени паркинг места за лицата со попреченост.  На тротоарите – автомобили, а на коловозот – деца, мајки со детски колички, лица со ограничени можности е нашата за жал,  секојдневна глетка.Причината за ваквата состојба може да ја бараме на повеќе места, но секако дека една  од главните причини е  неодговорно и несовесното паркирање, велат од РСБСП.

Неправилното паркирање, според Советот, е причина за голем број на сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите.

Водејќи се од тоа, РСБСП потсетува дека возачот не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите, на бележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од десет метри од тие премини, на крстосница и на оддалеченост помала од десет метри од најблискиот раб на напречниот коловоз, на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од петнаесет метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници, на дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да се изврши без опасност, на велосипедска патека, односно лента, на тротоар, односно пешачка патека…

-Не смее да се паркира ниту на дел од јавен пат, односно на оддалеченост помала од 15 метри од премин на патот преку железничка  пруга во исто ниво, на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот, на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај, пред влез во објект, двор или гаража, на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови, над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија, на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби, на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило, како и на плоштад, пешачка зона и противпожарен пат, се вели во соопштението од РСБСП. сст/мч/

 

 

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close