0_Web_АктуелноSvet.SlajderЛинк во живоСветСвет.Портал

Роверот „Истрајност“ слета на Марс

Роверот на американската вселенска  агенција НАСА „Perservence“ (Истрајност), по седум месеци патување низ вселената, вечерва во 21,55 часот по средноевропско време слета на Марс, сместувајќи се во еден кратер, со што и официјално треба да почне потрагата по докази за древниот микробиолошки живот на Црвената планета.

Лос Анџелес, 18 февриуари 2021 (МИА) – Роверот на американската вселенска  агенција НАСА „Perservence“ (Истрајност), по седум месеци патување низ вселената, вечерва во 21,56 часот по средноевропско време слета на Марс, сместувајќи се во еден кратер, со што и официјално треба да почне потрагата по докази за древниот микробиолошки живот на Црвената планета.

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL) во близина на Лос Анџелес се надеваат дека првата фотографија од Марс ќе ја добијат уште вечерва.

Кратерот „Езеро“, именуван според едно село во Босна и Херцеговина, е слив широк 45 километри, сместен во северната хемисфера на Марс. Местото се разгледувало за слетување и на претходните мисии, но досега се сметаше дека ќе биде премногу тешко да се слета на него.  сд/

Back to top button
Close
Close