0_Магазин.ПорталСцена

Роуз Мекгоуан има ново име на листата холивудски сексуални напасници

Глумицата првпат говореше за тоа во интервју за списанието „Кат“, тврдејќи дека пред повеќе од 25 години, кога таа имала 15 години, тој ја однел дома и ја злоупотребил сексуално. Тогаш таа не го спомна неговото име.

Лос Анџелес, 18 август 2020 (МИА) – Поранешната глумица Роуз Мекгоуан, со својата јавна кампања доведе до судски процес и пресуда за повеќе случаи за сексуална злоупотреба и напади, за некогаш славниот продуцент Харви Вајнистин. Сега таа има нова „жртва“…

Alexander Payne PictureСе работи за сценаристот оскаровец за филмот „Покус пат“ (Sideways) – и режисер Александер Пејн. Мекгоуан првпат говореше за тоа во интервју за списанието „Кат“, тврдејќи дека пред повеќе од 25 години, кога таа имала 15 години, тој ја однел дома и ја злоупотребил сексуално. Тогаш таа не го спомна неговото име.

– Дома кај него, тој ми пушти „меко порно“ што тој го беше направил за „Шоутајм“, секако – под друго име… Потоа имавме секс… А, потоа ме превезе до улицата…, сведочеше Мекгоуан.

Таа вчера во неколку објави на Твитер, го откри и името на Александер Пејн. Прво го повтори описот на случката – јасно нагласувајќи го името, а потоа, во друга објава побара извинување.

„Сакам само да ми се извини. Не сакам никого да уништам. Ова сум јас на 15 години,“ напиша Роуз Мекгоуан под нејзина слика од младоста.

Мекгоуан по својата претходна кампања против сексуалните напасници во филмската индустрија, го напушти Холивуд и ѝ се посвети на својата музичка кариера.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close