0_Спорт.ПорталКошарка

Роуз казнет со 25 илјади долари поради фрлање пенкало кон публиката

Кошаркарот на Детроит пистонс, Дерик Роуз е казнет заради фрлање пенкало на трибините за време на натпревар со Њу Орлеанс.

Вашингтон, 15 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Детроит пистонс, Дерик Роуз е казнет заради фрлање пенкало на трибините за време на натпревар со Њу Орлеанс.

При еден тајм-аут, Роуз зема од записничката маса едно пенкало и го фрли на трибините на спротивната страна.

Инцидентот не остана незабележан од службените лица, а НБА парично го казни 31-годишниот Американец со 25 илјади долари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close