0_Македонија.ПорталОпштество

Ротаријанците со 1,4 милион денари лични донации за поддршка на јавното здравство

Сојузот на ротари-клубовите на Република Северна Македонија донира опрема и финансиски средства како поддршка на здравствениот систем во борбата против Ковид-19 во вредност од 1,4 милион денари. 

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Сојузот на ротари-клубовите на Република Северна Македонија донира опрема и финансиски средства како поддршка на здравствениот систем во борбата против Ковид-19 во вредност од 1,4 милион денари.

Во здравствените установи веќе се испорачани четири монитори за пациенти, 15 пулсоксиметри, 100 заштитни визири, 1000 заштитни маски КН95-A за медицинскиот персонал и 200 крпи. Парите се лични донации од членовите на ротари-клубовите.

Вкупната вредност на досега донираната опрема и финансиски средства собрани од страна на ротари-клубовите низ земјата, наменети како поддршка на здравствените установи, надминува 40 илјади евра.

– Борбата против болестите е една од главните области на делување на ротаријанците низ светот. Во овие моменти кога нашата земја и целиот свет се соочува со огромен предизвик како што е пандемијата од коронавирусот, неопходно е да ги здружиме сите расположливи сили и да помогнеме онаму каде што е најнеопходно, а тоа секако се здравствениот систем, медицинскиот персонал и пациентите. Како индивидуи, но и како Сојуз на ротари-клубови ќе направиме сè што е во наша моќ и понатаму да му помагаме на здравствениот систем и на нашата земја, заеднички да излеземе како победници од оваа криза, вели во пишана изјава Никола Петкоски, координатор на Сојузот на ротари-клубови на Северна Македонија.

Во нашата земја делуваат 20 ротари-клубови кои обезбедуваат активна и континуирана поддршка во различни општествени области. лв/дма/

Back to top button
Close
Close