Дописници МКДОпштински вести

Росоман со проект за грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови

Росоман реализира проект за грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови. Денеска беше објавен јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“.

Росоман, 20 август 2020 (МИА) – Росоман реализира проект за грижа за стари и изнемоштени лица во домашни услови. Денеска беше објавен јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“.

-Активностите се врз основа на Договорот  за соработка меѓу Агенцијата за вработување, Програмата за развој на Обединетите нации и општина Росоман, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, појаснуваат од Службата за односи со јавноста на Општината.

Работниот ангажман ќе трае шест месеци доколку се поседува соодветен сертификат за давање социјални услуги, но може да биде и на седуммесечен период ако пријавените програмата стекнат соодветен сертификат. Девет месеци ќе трае работното ангажирање, доколку примените кандидати се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес. свд/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close