0_Спорт.ПорталОстанато

Рос Браун: Ако ја започнеме сезоната во јули, ќе имаме време да поминеме 18-19 трки

Спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун верува дека целосна сезона во 2020 година е можна, и покрај многуте откажувања и одложувања на трки пандемијата на коронавирус.

Лондон, 9 април 2020 (МИА) – Спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун верува дека целосна сезона во 2020 година е можна, и покрај многуте откажувања и одложувања на трки пандемијата на коронавирус.

– Според наше мислење, опцијата со почетокот на сезоната во Европа е најприфатлива,. Најверојатно, почетокот на сезоната ќе се одржи без гледачи. Можеме да создадеме затворено опкружување. Екипите ќе летаат со чартер летови, ќе бидат придружувани на трасата, ќе прават тестови. Треба да бидеме сигурни дека никој не е изложен на ризик. Да, фазите ќе се одржат без гледачи, но ова е подобро отколку да се седи без трки. Мора да се запомни дека милиони гледачи нè гледаат од дома. Сега тие се изолирани, а трката ќе биде огромен бонус за нив, изјави Браун.

Првиот оперативец на Ф1 верува дека можеме да се организираат 18-19 трки ако се започне во јули.

– Нема да биде лесно, но можно е. Ќе имаме три фази по ред, потоа една недела одмор и повторно три фази по ред. За регуларен шампионат се потребни најмалку осум трки. Ќе можеме да одржиме таков број на Гран-при, дури и ако започнеме во октомври, потенцира Браун. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close