0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Рондо го надмина Брајант во топ 10 асистенти во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Реџон Рондо се искачи на 9. место на листата најдобри асистенти во НБА плејофот.

Орландо, 23 септември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Реџон Рондо се искачи на 9. место на листата најдобри асистенти во НБА плејофот.

Рондо ноќеска имаше осум асистенции во поразот од Денвер нагетс во третиот дуел од финалето на Западната конференција.

Тој со 1.041 асистенција го надмина легендарниот Коби Брајант (1040).

Лидер на оваа листа е Меџик Џонсон со 2.346 додавања по кои неговите соиграчи поентирале. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close