0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Роналдо утре се враќа во Италија, му претстои карантин

Според „Рекорд“, управата на „бјанконерите“ ги повикува своите странски ѕвезди, кои треба да бидат ставени во карантин две недели по враќањето во Торино.

Торино, 27 април 2020 (МИА) – Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, утре ќе се врати во Италија.

Според „Рекорд“, управата на „бјанконерите“ ги повикува своите странски ѕвезди, кои треба да бидат ставени во карантин две недели по враќањето во Торино.

Набргу потоа, тимот мора да продолжи со тренинзите. Изминативе неколку недели, Роналдо е со семејството во Мадеира, каде продолжи да одржува форма.

Сè уште не е познато дали Гонзало Игуаин, кој моментално е со својата болна мајка во Аргентина, ќе се врати во Италија со другите странци.

Според најновите информации, на тимовите во Италија ќе им биде дозволено да продолжат со индивидуалните тренинзи на 4 мај, а исто така ќе можат да тренираат во групи од 18 мај.

Таг
Back to top button
Close
Close