0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Роналдо стана првиот фудбалер во 21 век со 400 победи на натпревари во ТОП 5 лигите

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо оствари уште едно достигнување по натпреварот од 11. коло на италијанскиот шампионат против Џенова (3:1). Португалецот стана првиот фудбалер во 21 век кој успеал да победи на 400 натпревари во најдобрите пет европски лиги (Италија, Шпанија, Англија, Германија, Франција).

Торино, 14 декември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо оствари уште едно достигнување по натпреварот од 11. коло на италијанскиот шампионат против Џенова (3:1). Португалецот стана првиот фудбалер во 21 век кој успеал да победи на 400 натпревари во најдобрите пет европски лиги (Италија, Шпанија, Англија, Германија, Франција).

Втор на ова рангирање е напаѓачот на Барселона, Лионел Меси (366 победи). На третата позиција се наоѓа голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон (350).

Оваа сезона, Роналдо одигра 11 натпревари за Јувентус и постигна 14 погодоци со една асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close