0_Спорт.ПорталФудбал

Роналдо стана првиот фудбалер милијардер

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер милијардер, објави „Форбс“.

Торино, 5 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер милијардер, објави „Форбс“.

Триесет и петгодишниот Португалец стана третиот спортист кој успеа да го сруши овој лимит. Претходно, голферите Тајгер Вудс (во 2009 година) и боксерот Флојд Мејведер (во 2017 година) станаа милијардери спортисти.

За време на својата 17-годишна професионална кариера, Роналдо заработи плата од 650 милиони долари во разни клубови, со оглед на досегашниот договор со Јувентус, напаѓачот се очекува да заработи 765 милиони долари до јуни 2022 година. Останатите пари што фудбалерот ги заработи се преку спонзорски договори. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close