0_Спорт.ПорталФудбал

Роналдо се врати во базата на Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, заедно со соиграчите се врати во тимската база, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Торино, 26 јули 2021 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, заедно со соиграчите се врати во тимската база, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Во блиска иднина, 36-годишниот Португалец ќе биде подложен на лекарски преглед и ќе одржи состанок со раководството на торинскиот клуб.

Претходно, потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед, изјави дека напаѓачот ќе остане во тимот.

Јувентус сака да склучи нов договор до 2023 година. Според условите на новиот договор, платата на Роналдо ќе се намали од 31 милиони евра годишно на 20 милиони.

Кристијано Роналдо минатата сезона забележа 44 настапи за Јувентус во сите натпреварувања и постигна 36 голови плус четири асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close