0_Спорт.ПорталФудбал

Роналдо пристигна во базата на Јувентус, денес ќе го одржи првиот тренинг по карантинот

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, денес ќе тренира со тимот. Според новинарот Ромео Агрести, Португалецот веќе пристигна во базата на Јувентус.

Торино, 19 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, денес ќе тренира со тимот. Според новинарот Ромео Агрести, Португалецот веќе пристигна во базата на Јувентус.

На 5 мај, Португалецот се врати во Торино. После тоа, тој беше во карантин 14 дена.

Претходно, продолжувањето на Серија А беше закажано за 13 јуни, но во Италија забраната за спортски настани беше продолжена до 14 јуни.

Можеби првенството ќе продолжи на 20 јуни. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close