0_Спорт.ПорталФудбал

Роналдо го одигра јубилејниот 1.000 натпревар во кариерата

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа против Интер го одигра 1.000 натпревар во својата кариера.

Торино, 9 март 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа против Интер го одигра 1.000 натпревар во својата кариера.

Португалецот зад себе има импресивни бројки. Тој постигна 725 голови и 253 асистенции, настапувајќи за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и португалската репрезентација.

Роналдо има пет златни топки. Во 2016 година го освои Европското првенство со репрезентацијата на Португалија. Има пет титули од Лигата на шампионите и е најдобриот стрелец во историјата на елитното натпреварување. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close