0_Спорт.ПорталФудбал

Роналдо го игра својот 100. натпревар за Јувентус

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, вечерва го игра својот 100-ти натпревар во дресот на Јувентус.

Џенова, 13 декември 2020 (МИА) – Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, вечерва го игра својот 100-ти натпревар во дресот на Јувентус.

Португалецот јубилејот го бележи на гостувањето кај Џенова во дуел од 11.коло во италијанската Серија А.

Триесет и петгодишниот Роналдо, досега постигна 77 гола на 99 претходни натпревари за италијанскиот шампион.

Во тимот на Џенова во почетниот состав го нема македонскиот репрезентативец Горан Пандев. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close