Дописници СветСветСвет.Портал

Ромни: Некои републикански сенатори може да побараат нови сведочења во Сенатот

Третото судење за импичмент на еден претседател во историјата на САД неделава влегува во нова фаза. Републиканскиот сенатор Мит Ромни денеска укажа дека некои републикански сенатори може да побараат нови сведочења во Сенатот.

Вашингтон, 27 јануари 2020 (МИА) Третото судење за импичмент на еден претседател во историјата на САД неделава влегува во нова фаза. Републиканскиот сенатор Мит Ромни денеска укажа дека некои републикански сенатори може да побараат нови сведочења во Сенатот.

Јавноста во САД очекува Сенатот, воден од републиканско мнозинсто, неделава да гласа „за“ или „против“ судски покани на сведоци и откривање нови документи, засега блокирани од Белата куќа.

Дебатата да се повикаат сведоци се разгори синоќа, откако „Њујорк тајмс“ излезе со извештај во кој се опишани делови од необјавена книга на Џон Болтон, екс-советник за национална безбедност на Доналд Трамп, во кои се вели дека Трамп лично го известил Болтон дека ја задржува воената помош за Украина се додека Киев не спроведе истрага за политичкиот ривал Џо Бајден.

Деловите се, како што се истакнува во извештајот, од „рaкописот“ на книгата (ненапечатена верзија) и се усно посочени од сведоци кои ја виделе таа верзија. Не се знае дали тиое делови ќе биде редактирани, бидејќи адокатот на Болтон, испратил примерок од ракописот на проверка во Белата куќа, за стандардна анализа во однос на нераспространување на доверливи материјали.

Трамп изутринава во серија од твитови го демантираше извештајот на „Њујорк тајмс“.

-Јас никогаш не зборував со Џон Болтон дека помошта за Украина е поврзана со истрага за демократите, вклучувајќи ги и Бајденови. Ако Џон Болтон го кажал ова, тоа е само за да ја продаде својата книга, соопшти Трамп.

Сознанието дека Болтон лично знаел за намерата на Трамп, доколку наводите од книгата се точни, може да ја ослаби одбраната на претседателот во судската постапка за импичмент која денеска продолжува во Сенатот.

Затоа демократите уште еднаш ги повикаа републиканскитее сенатори да гласаат за тоа Болтон да се појави на распит неделава, веднаш по завршниот говор на одбраната на Трамп. Екс-советникот изјави дека ќе сведочи доколку добие покана.

Распоредот на силите во Сенатот е 47 против 53 во полза на републканците, и на демократите им се потребни четири републикански гласови за присуство на Болтон и уште тројца сведоци кои тие ги побараа, како Мик Молвејни, раководител на персоналот во Белата куќа.

Можноста дека републикански сенатори може повикаат нови сведоци, денеска повторно ја истакна умерениот републиканец Мит Ромни, сенатор од Јута, кој во изјава за новинарите истакна дека по откритијата од книгата на Болтон, разговарал со некои негови колеги и смета дека тој не е единствен кој бара да види нови сведочења во Сенатот.

-Сметам дека има голема веројатност и други републиканци да ни се придружат во мнението дека треба да чуеме што Болтон има да каже, изјави денеска Ромни.

Гласањето во Сенатот за повик на нови сведоци и материјали е закажано за неделава, веднаш по крајот на излагањето на одбраната на Трамп. Адвокатскиот тим на претседателот денеска продолжува со претставување на аргументите против отповикување на шефот на државата.

Доколку биде изгласано присиство на нови сведоци, распитот на Болтон и другите може да ја развлече постапката со судењето за импичмент на Трамп до средината на идниот месец.

Доколку пак, републиканците останат тврди на ставовите и ги прифатат аргументите на одбраната, постапката треба да оди на гласање до крајот на неделва, при што се предвидува Сенатот да го ослободи Трамп од обвинненијата покренати од Претставничкиот дом, контролиран од демократите.

И тоа ќе се случи пред првите демократски избори за претседателски кандидат кои се оддржуваат идната недела в понеделник во Ајова, и пред говорот за сосотојбата на нацијата на претседателот Трамп, закажан за 4 февруари. кб/

Back to top button
Close
Close