Дописници МКДОпштински вести

Ромите во Гостивар ќе ја подигаат еколошката свест во средините во кои живеат

Со активности за уредување на амбиентот и зафаќање на отпадните води во населбата „Дупка“ во Гостивар и засадување на дрвца дел од ромската заедница ќе биде вклучена во проект за подигање на еколошката свест.

Гостивар, 15 септември 2020 (МИА) – Со активности за уредување на амбиентот и зафаќање на отпадните води во населбата „Дупка“ во Гостивар и засадување на дрвца дел од ромската заедница ќе биде вклучена во проект за подигање на еколошката свест.

Проектот што го реализира хуманитарното здружение „Месечина“ од Гостивар е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање преку грант вреден 400.000 денари.

Првиот човек на здружението Мухамед Точи најави дека конкретните работи за реализација треба да започнат наредниот месец.

– За почеток ќе делуваме во населбата „дупка“ каде во супстандардни услови живеат Роми. Особено е лоша состојбата со отпадните води и неретко може да се види како децата престојуваат и играат во нив. Во други населби, дел од нашите сограѓани кои простор ќе добијат дрвца за да ги засадат во дворовите или пак во улицата во која живеат, вели Точи.

Тој подвлече дека и покрај тоа што има 11 населби во кои живеат Роми нема да се работи во сите.

Поважно е вели Точи да се вклучат и самите жители Роми кои би помогнале со работна рака во уредувањето на каналите и засадувањето на дрвцата.

Од „Месечина“ очекуваат позитивен одговор од локалната самоуправа и подружницата на „Национални Шуми“ за да почнат со реализација на зацртаното. згм/ир

Back to top button
Close
Close