БалканБалкан.Портал

Романија избира нова влада на 24 февруари

Гласањето за нова влада на Романија ќе се одржи на 24 февруари, објави романската новинска агенција Аџерпрес.

Букурешт, 11 февруари 2020 (МИА) – Гласањето за нова влада на Романија ќе се одржи на 24 февруари, објави романската новинска агенција Аџерпрес.

Парламентот го одобри денеска распоредот во процедурата за стапување на должност на новата влада, откако кабинетот на Националната либерална партија беше соборен со иницијативата за гласање недоверба, поднесена од Социјалдемократската партија и Демократската унија на Унгарците во Романија.

Раководството на Парламентот, каде социјалдемократите имаат мнозинство, одлучи денеска да одржи расправа за новите министри следната недела – на 17, 18 и 19 февруари, а гласањето за нова влада да се спроведе на 24 февруари.

По успешното гласање недоверба, шефот на државата Клаус Јоханис се консултираше со парламентарните партии и повторно го предложи за премиер лидерот на либералите Лудовик Орбан, кој вчера го предложи истиот состав на кабинетот, што беше соборен со гласањето недоверба.

Според романските медиуми, претседателот Јоханис и Националната либерална партија сакаат да предизвикаат предвремени парламентарни избори, со цел да и се обезбеди на владата солидно мнозинство да ги спроведе планираните реформи. За да се закажат предвремени избори, Парламентот мора да одбие два предлога за премиер и влада во рок од 60 дена. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close