Дописници МКДКултураКултура.Портал

Роман на гевгеличанецот Стефан Марковски најпродаван во продавницата „Киндл“ на „Амазон“

Романот „Анатомија на бумбарот“ на гевгелискиот автор Стефан Марковски неделава е најпродаван во продавницата „Киндл“ на најголемата е-платформа за продажба на книги „Амазон“ во категоријата Источноевропска литература.

Гевгелија, 3 февруари 2021 (МИА) – Романот „Анатомија на бумбарот“ на гевгелискиот автор Стефан Марковски неделава е најпродаван во продавницата „Киндл“ на најголемата е-платформа за продажба на книги „Амазон“ во категоријата Источноевропска литература.

Романот е објавен само на англиски јазик и за него авторот вели дека е провокативен со машки и женски наратор кои паралелно ги раскажуваат своите приказни.

Засега романот не е објавен на македонски јазик, а дали ќе биде, зависи од одлуката на Министерството за култура каде авторот конкурирал на годишниот конкурс за проекти од областа на литературата и издаваштвото. им/бак/

Back to top button
Close
Close