0_Спорт.ПорталФудбал

Рома стана сопственост на американска компанија

Групацијата „Фридкин“ станува нов сопственик на Рома, објавено е на официјалната веб-страница на римскиот клуб.

Рим, 6 август 2020 (МИА) – Групацијата „Фридкин“ станува нов сопственик на Рома, објавено е на официјалната веб-страница на римскиот клуб.

Претставниците на американската компанија се согласија со сопственикот на клубот, Џејмс Палот, за аквизицијата и веќе потпишаа прелиминарен договор. Договорот се очекува да биде официјално затворен до 31 август.

Според италијанските медиуми, договорот треба да изнесува околу 600 милиони евра.

Бизнисменот Дан Фридкин преговараше за купување на римскиот клуб неколку месеци, но реализацијата мораше да биде одложена поради пандемијата на коронавирус. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close