0_Спорт.ПорталФудбал

Рома со предлог до Педро

Во март, 32-годишниот Шпанец објави дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ по крајот на сезоната кога ќе му истече договорот.

Рим, 10 април 2020 (МИА) – Крилниот напаѓач на Челзи, Педро Родригез доби понуда да ја продолжи кариерата во Рома, објави „Дејли мирор“.

Во март, 32-годишниот Шпанец објави дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ по крајот на сезоната кога ќе му истече договорот.

Потоа Педро се предомисли и рече дека нема ништо сигурно во неговата иднина.

Фудбалерот може да преговара со други клубови, а Рома ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација.

Клубот од Серија „А“ му понуди на поранешниот играч на Барселона договор со плата од 2,7 милиони фунти годишно плус бонуси.

Педро очекува понуди и од други клубови, вклучувајќи и од американската МЛС лига.

Таг
Back to top button
Close
Close