0_Спорт.ПорталФудбал

Рома се согласи на договор со Мхитаријан до 2023 година

Играчот за врска на Рома, Хенрих Мхитаријан ќе го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.

Рим, 1 јуни 2021 (МИА) – Играчот за врска на Рома, Хенрих Мхитаријан ќе го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.

Според Шира, 32-годишниот Ерменец ќе потпише договор до 2023 година со плата од 4,5 милиони евра плус бонуси.

Во сезоната 2020/21, Мхитаријан одигра 46 натпревари за Рома, постигна 15 гола и 13 асистенции. Тековниот договор на играчот важи до крајот на јуни 2021 година.

На 29 мај беше објавено дека Мхитаријан ја одбил понудата на Зенит. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close