0_Спорт.ПорталФудбал

Рома се договори со Реал да го изнајми Мајорал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Борха Мајорал може да ја помине следната сезона во Рома, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Рим, 25 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Борха Мајорал може да ја помине следната сезона во Рома, пренесува „Кориере дело Спорт“.

На 23-годишниот Шпанец се гледа како на алтернатива на напаѓачот на „римската волчица“, Един Џеко, кој може да го напушти клубот.

Според италијанскиот весник, надоместокот за годишниот закуп ќе изнесува три милиони евра.

Мајорал сезоната 2019/20 ја помина во Леванте на позајмица, постигнувајќи девет гола и две асистенции на 36 натпревари за тимот.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 10 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close