0_Спорт.ПорталФудбал

Рома привлече бразилски дефанзивец

Дефанзивецот пристигна вчера во италијанската престолнина и го гледаше римското дерби со Лацио. Аталанта го купи Ибанес од Флуминенсе пред една година за 4 милиони евра, но дефанзивецот не се наметна во тимот. Во овој период, тој забележа само 20 минути игра.

Рим, 27 јануари 2020 (МИА) – Рома официјално го привлече Роџер Ибанес од Аталанта на 18-месечн заем и опција да го купи за 10 милиони евра.

– Многу сум среќен што сум во овој клуб. Рома е сè за што сонувам. Тоа е голем клуб и се надевам дека ќе имам многу успеси, изјави 21-годишниот централен дефанзивец.

Дефанзивецот пристигна вчера во италијанската престолнина и го гледаше римското дерби со Лацио. Аталанта го купи Ибанес од Флуминенсе пред една година за 4 милиони евра, но дефанзивецот не се наметна во тимот. Во овој период, тој забележа само 20 минути игра.

Аталанта, исто така, ќе земе 10 отсто од евентуалниот иден трансфер на дефанзивецот. Дури и ако тој не биде продаден до крајот на неговиот договор во 2024 година, Аталанта ќе добие 1 милион евра.

Таг
Back to top button
Close
Close