0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Рома го сака Педро што поскоро на „Олимпико“

Интер Мајами и Висел Коби се заинтересирани за фудбалерот, со тоа што 32-годишниот Педро може да го напушти „Стемфорд Бриџ“ до крајот на јануари. „Скај Спортс Италија“ тврди дека Рома има силен интерес за поранешниот играч на Барселона и би го зел за мала сума пари.

Рим, 28 јануари 2020 (МИА) – Рома оствари контакт со Челзи за потенцијален договор за Педро Родригез. На Шпанецот му остануваат уште шест месеци од неговиот договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“. На овој начин, Педро е слободен да преговара со другите клубови.

Интер Мајами и Висел Коби се заинтересирани за фудбалерот, со тоа што 32-годишниот Педро може да го напушти „Стемфорд Бриџ“ до крајот на јануари. „Скај Спортс Италија“ тврди дека Рома има силен интерес за поранешниот играч на Барселона и би го зел за мала сума пари.

Откако Николо Заниоло се здоби со сериозна повреда што го извади од терените за остатокот од сезоната, „џаларосите“ бараат замена на кој било план. Оваа сезона, Педро има само осум одиграни натпревари за „сините“, но Челзи би се разделил со него само доколку најде соодветна алтернатива.

Таг
Back to top button
Close
Close