СветСвет.Портал

Рохани: Одмазда за САД ако им направат проблем на иранските танкери

Иранскиот претседател Хасан Рохани се закани со одмазда доколку САД им направат проблем на танкерите кои превезуваат иранска нафта за Венецуела.

Техеран, 23 мај 2020 (МИА) – Иранскиот претседател Хасан Рохани се закани со одмазда доколку САД им направат проблем на танкерите кои превезуваат иранска нафта за Венецуела.

– Доколку нашите танкери на Карибите или каде било на друго место во светот имаат проблем поради Американците, тогаш тие, исто така, ќе бидат во проблем, истакна Рохани во телефонски разговор со катарскиот емир.

Флота од пет танкери, кои превезуваат иранска нафта за Венецуела, се приближува кон Карибите, а првиот брод се очекува утре да вплови во водите на таа земја. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close