СветСвет.Портал

Рохани: Иран никогаш нема да преговара со САД под притисок

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја под притисок никогаш нема да преговара со САД

Техеран, 16 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја под притисок никогаш нема да преговара со САД.

– Иран никогаш нема да преговара под притисок… Никогаш нема да попуштиме под американскиот притисок и никогаш нема да преговараме од позиција на немоќ, посочи Рохани.

Тој додаде дека „американскиот максимален притисок врз Иран е осуден на пропаст“.

– Обезбедувањето мир и стабилност во чувствителниот регион Блиски Исток и Персиски Залив е невозможно без помош на Иран, потенцира Рохани. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close