СветСвет.Портал

Рохани: Барањето на САД за разговори со Иран е лага

Барањето на САД за разговори со Иран е лага, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани на државната телевизија.

Техеран, 23 јуни 2020 (МИА)Барањето на САД за разговори со Иран е лага, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани на државната телевизија.

– Тие велат „подготвени сме за преговори“. Што значи „подготвени сме за преговори? Кој ја напушти преговарачката маса? Кој ја запали преговарачката соба? Тоа беа тие, рече Рохани.

Иранскиот претседател оцени дека тоа е „една зад друга лага, секој ден“.

На почетокот на јуни, американскиот претседател Доналд Трамп, преку Твитер, го повика Иран да склучи договор со Америка. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close