Svet.SlajderСвет

Рохани бара да се забранат сите големи собири во Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска повика да се забранат сите големи собири, како што се свадби и бдеења, за да се спречи растот на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Техеран, 11 јули 2020 (МИА) – Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска повика да се забранат сите големи собири, како што се свадби и бдеења, за да се спречи растот на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Рохани, сепак, инсистираше на тоа дека економијата мора да остане отворена.

– Мора да забраниме церемонии и собири низ целата земја, без разлика дали се бдеења, свадби или забави. Сега не е време за фестивали или семинари, рече Рохани, додавајќи дека дури и приемните испити за факултетите треба да бидат привремено прекинати.

Во Иран денеска се пријавени уште 188 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на починати достигна 12.635, информира Сима Садат Лари, портпаролка на Министерството за здравство во земјата.

Таа додаде дека се регистрирани уште 2.397 пациенти, така што досега се заразени вкупно 255.117 луѓе. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close