0_Македонија.ПорталОпштество

Родители на деца со посебни потреби бараат политичките партии да потпишат документ за исполнување на нивните барања

Измени на Законот околу одземање на деловната способност на децата со посебни потреби, зголемување на додатоците, тргнување на границата од 26 години за овие лица во здравството, како и измена и на други закони и после 18 години да се применува посебниот додаток во додаток на попреченост, се дел од барањата на родителите на деца со посебни потреби, кои ги срочиле во документ и бараат претставници на политичките партии да дојдат денеска спроти Собранието во Паркот „Жена борец“ во Скопје и да го потпишат со што ќе се заложат дека ќе ги исполнат.

Скопје, 8 јули 2020 (МИА) – Измени на Законот околу одземање на деловната способност на децата со посебни потреби, зголемување на додатоците, тргнување на границата од 26 години за овие лица во здравството, како и измена и на други закони и после 18 години да се применува посебниот додаток во додаток на попреченост, се дел од барањата на родителите на деца со посебни потреби, кои ги срочиле во документ и бараат претставници на политичките партии да дојдат денеска спроти Собранието во Паркот „Жена борец“ во Скопје и да го потпишат со што ќе се заложат дека ќе ги исполнат.

– Правиме кампања за правата на лицата со посебни потреби, децата кои не учат на бесусловна љубов и ја нарековме „Да создадеме свет без граници“. Сакаме да ги обврземе политичките партии да ни дадат потпис со кој ќе се заложат дека ќе ни ги исполнат барањата, бидејќи повеќе не сакаме да веруваме на збор, изјави денеска Маргарита Милошеска од Гостивар, родител на девојче со церебрална парализа и координатор во Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби.

Таа изрази надеж барем поголем број политички партии ќе дојдат во Паркот „Жена Борец“ и ќе го потпишат нивниот документ.

Сузана Стојановска од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром, Дневен центар „Доза Среќа“ рече дека нивните барања се поголеми и се надеваат дека политичарите ќе го потпишат документот, бидејќи се во многу незавидна ситуација и од финансиски аспект, и поради тоа што тие деца се затворени дома поради ситуацијата со Ковид-19.

– Нашите барањата се скромни, ги ревидиравме и скратувавме, за да може навистина да се исполнат. Тие што ќе дојдат денеска и ќе потпишат ќе ја имаат нашата целосна поддршка, додаде Стојановска. рп/скс/

Кампања за правата на децата со посебни потреби

Posted by MИА.mk on Среда, 08 јули 2020

Изјава по повод потпишувањето документ со клучни барања кои ги засегаат родителите и децата/лицатата со посебни потреби

Posted by MИА.mk on Среда, 08 јули 2020

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close