0_Спорт.ПорталКошарка

Рочести се враќа во Црвена ѕвезда

Плејмејкерот Тејлор Рочести ќе се врати во Црвена ѕвезда, за која играше во сезоната 2017/18.

Белград, 6 октомври 2020 (МИА) – Плејмејкерот Тејлор Рочести ќе се врати во Црвена ѕвезда, за која играше во сезоната 2017/18.

Американецот со црногорско државјанство добил понуда од српскиот тим и ја прифатил, пренесува „Спортандо“.

Кошаркарот минатата сезона ја помина во Олимпијакос, Грција.

„Црвено-белите“ лошо ја отворија сезоната во Евролигата. Тие пред пет дена, во 1. коло загубија од Фенербахче со 77:63 на гостувањето во Истанбул. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close