0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Роберто Мартинез потпиша нов договор со Белгија

Претходниот договор на стратегот истече по ЕП 2020, што беше одложено за следната година. 46-годишниот Мартинез во неколку наврати рече дека е заинтересиран да го предводи составот на Европското и тоа ќе се случи.

Брисел, 2 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Белгија, Роберто Мартинез го продолжи договорот до 2022 година. Се уште нема потврда од локалната федерација, но белгиските медиуми откриваат дека поранешниот менаџер на Евертон ќе го предводи тимот и на Светскиот куп во Катар.

Претходниот договор на стратегот истече по ЕП 2020, што беше одложено за следната година. 46-годишниот Мартинез во неколку наврати рече дека е заинтересиран да го предводи составот на Европското и тоа ќе се случи.

Белгија се квалификуваше за ЕП 2020 по брилијантниот квалификациски учинок. Тимот ги победи сите 10 натпревари, постигнувајќи 40 голови и дозволи само 3. Ждрепката за Европа го постави „црвениот динамит“ во група со Данска, Финска и Русија.

Таг
Back to top button
Close
Close