0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ројс потврди дека Санчо ќе остане во Дортмунд

Капитенот на Борусија (Дортмунд) Марко Ројс во својата изјава потврди дека големата цел на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо ќе продолжи да биде играч на „жолто-црните“ и оваа сезона.

Дортмунд, 29 септември 2020 (МИА) – Капитенот на Борусија (Дортмунд) Марко Ројс во својата изјава потврди дека големата цел на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо ќе продолжи да биде играч на „жолто-црните“ и оваа сезона.

„Тоа беше одлична вест за нас играчите. Сите бевме среќни што Санчо ќе остане со нас уште една година, бидејќи тој придонесува со асистенции и погодоци, со што освојува многу поени. За нас, тој е клучен играч. Дали тој ќе стане голем играч како Лионел Меси и Кристијано Роналдо? Ќе видиме. Потребно му е само време и многу искуство. Ќе има моменти кога ништо нема да оди толку добро, и ќе видиме како тој се справува со тоа. Сепак, мислам дека тој има самодоверба и квалитети за да успее, изјави Ројс пред мечот во Суперкупот на Германија против Баерн (Минхен).

Таг
Back to top button
Close
Close