0_Спорт.ПорталФудбал

Рој летачки мравки може да се појави на „Вембли“ за време на финалето на ЕВРО 2020

Околу милион летачки мравки може да се појават на стадионот „Вембли“ за време на финалето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Италија, објави „Скај њуз“.

Лондон, 10 јули 2021 (МИА) – Околу милион летачки мравки може да се појават на стадионот „Вембли“ за време на финалето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Италија, објави „Скај њуз“.

Според британскиот телевизиски канал, ројот на инсекти е снимен на радарски слики објавени од метеоролошката служба. Голема акумулација на летачки инсекти е пронајдена над голем дел од Лондон, вклучувајќи ја и областа Вембли.

Утре (11 јули) ќе се одржи финалето на Европското првенство, каде репрезентацијата на Италија ќе игра против Англија. Натпреварот ќе се игра во Лондон на „Вембли“ со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close