0_Спорт.ПорталФудбал

Роџерс го сака Лалана во Лестер

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. „Црвените“ немаат намера да го обноват договорот со фудбалерот, па тој ќе замине како слободен агент, објавија британските медиуми.

Лечестер, 13 април 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. „Црвените“ немаат намера да го обноват договорот со фудбалерот, па тој ќе замине како слободен агент, објавија британските медиуми.

Фаворит во борбата за Англичанецот се смета Лестер. За играчот е лично заинтересиран тренерот на поранешниот шампион, Брендан Роџерс, кој претходно работел со Лалана.

Оваа сезона 31-годишниот играчот од средниот ред има еден гол и една асистенција на 15 натпревари во Премиер лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close