0_Web_АктуелноБизнисБизнис.ПорталЕкономија

РКЕ ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година.

Скопје, 31 јули 2020 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски неодамна потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19. вј/бак/

Back to top button
Close
Close